Почина Оливера Николова

Почина Оливера Николова, авторката на „Зоки Поки“

Николова работела во МРТВ како уредничка и драматург, а е и авторката зад дела како „Девојките на Марко“, како и „Песот со тажен поглед“ и „Куклите на Росица“, кои ја имаат освоено наградата „Роман на годината“

Почина писателката Оливера Николова на 88-годишна возраст. Николова беше авторката зад многу значајни дела од македонската литература, меѓу кои се „Зоки Поки“ и „Девојките на Марко“ за деца, како и „Песот со тажен поглед“ и „Куклите на Росица“ за возрасни, кои ја имаат освоено наградата „Роман на годината“.

Таа е родена во 1936 година во Скопје. Таа завршила на Филозофскиот факултет во Скопје. Работела како драматург и уредник во Македонска радио и телевизија. Таа од 1952 година била член на Друштвото на писателите на Македонија.

Никола ги напишала тв-куклените серии „Зоки Поки“ и „Среќен пат, Зоки!“ како и серијалот во шест епизоди „Девојките на Марко“, сите од кои се адаптации на нејзините романи.

На почетокот на оваа година, претседателот Стево Пендаровски ѝ додели Орден за заслуги.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Подземните води во околината на депонијата на Југохром се загадени и до 100.000 пати повеќе …