Почина Ратка Димитрова

Денеска на 80-годишна возраст, почина пратеничката и координатор на првиот парламентарен на ВМРО-ДПМНЕ, една од основачите на оваа партија, Ратка Димитрова.

Димитрова има дипломирано на Факултетот за музика во Љубљана, а магистрирала на Конзерваториумот „Петар Илич Чајковски“ во Москва. Во политиката се вклучува после прогласувањето на независноста на нашата држава.

Ратка Димитрова е мајка на Никола Димитров, досегашен министер за надворешни работи и кандидат за местото вицепремиер за европски прашања, во новата Влада која треба да биде избрана денеска најдоцна до полноќ.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …