Вал Килмер

Почина легендарниот холивудски актер Вал Килмер

Килмер починал од пневмонија во Лос Анџелес, изјави неговата ќерка Мерцедес за американските медиуми

Холивудскиот актер Вал Килмер, познат по улогите во некои од најголемите филмови од 1980-тите и 90-тите, вклучувајќи ги „Top Gun“ и „Batman Forever“, почина на 65-годишна возраст.

Тој исто така глумеше во „The Doors“ (1991), каде го играше легендарниот фронтмен на бендот Џим Морисон, како и во вестернот „Tombstone“ и криминалната драма „Heat“.

Килмер починал од пневмонија во вторник во Лос Анџелес, изјави неговата ќерка Мерцедес за американските медиуми. Таа посочи дека на нејзиниот татко му бил дијагностициран рак на грлото во 2014 година, но подоцна се опоравил.

Хируршката процедура на душникот му го изменила гласот и ја ограничила неговата актерска кариера, но тој се врати на екранот за да ја репризира улогата на борбениот пилот Ајсмен заедно со Том Круз во „Top Gun: Maverick“ (2022).

Оддавајќи почит, режисерот на „Heat“ Мајкл Ман изјави: „Додека работев со Вал на ‘Heat’, секогаш се восхитував на неговиот опсег, на брилијантната разновидност во рамките на моќната струја на неговиот талент и изразување на карактерот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Саем на мебел 2025

Саем на мебел 2025: Спој на дизајн, иновации и хуманост што привлече над 15.000 посетители

Годинешниот Саем на мебел, одржан од 26 до 30 март во Арена Борис Трајковски, беше …