Владиката Тимотеј

Почина владиката Тимотеј

Дебарско кичевскиот Митрополит Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј починал денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето.

Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Млаго Нагоричане, Куманово како Славе Јовановски. За архијереј на МПЦ-ОА е избран во 1981 година, а од 1995 година раководи со Дебарско-кичевската епархија.

Владиката Тимотеј долги години имаше срцеви проблеми, а во 2013 година доживеа полесен инфаркт

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Еко-автобусите што ЕУ ги донираше на Скопје речиси два месеци паркирани во депото на ЈСП

Еко-автобусите што ЕУ ги донираше на Скопје речиси два месеци паркирани во депото на ЈСП

Најпрво причина за доцнењето на шесте нови еко-автобуси беше згрешен број на шасија, а сега …