Почит за загинатите бранители на „Карпалак“ и нивните вечни почивалишта

Градоначалникот на Прилеп,Илија Јованоски, претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски, членови на Советот, здружението „Карпалак“, „Здружението на резервни воени обврзници-учесници во настаните 2001/2002 година, здружението „Прилепски бранители“ и граѓани, денеска ги посетија вечните почивалишта на десеттемина прилепските бранители, кои што загинаа во убиството на 08 август 2001 кај месноста „Карпалак“, на патот Скопје-Тетово.

Почит им е оддадена и свежи цвеќиња беа положени на вечните почивалишта на: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Веби Рушидоски, Горан Миноски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Ердован Шабаноски, Марко Депотоски, Пеце Секулоски и Дарко Вељаноски.

Делегација од Општина Прилеп и преживеаните прилепски бранители, денеска положија венци и свежи цвеќиња и на местото на убиството,на Карпалак, кобното утро на 8 август пред 17 години.

Во 10ч. општинска делегација со градоначалникот Јованоски, присуствуваше и на панихидата, што за покој на загинатите се одржува традиционално во црквата „Света Петка“ во населбата „Точила“ во Прилеп.

Во 13ч. денеска пред спомен плочата кај споменикот „Карпалак“, во центарот на  Прилеп, ќе се одржи традиционално чествување на делото и саможртвата на бранителите, кои ги положија своите животи на браникот на слободата, за одбрана на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија. Покрај семејствата на бранителите, најавени се бројни делегации, од државни институции на централно и локално ниво, министерства, јавни претпријатија, здруженија на бранители, Сојуз на борци, политички партии и граѓански организации.

Синоќа делегација од Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Илија Јованоски, од АРМ, здруженијата на бранители и семејствата положија свежи цвеќиња и пред двете спомен обележја во касараната „Мирче Ацев“ и пред спомен плочата во селото Лениште.

Прочитајте повеќе

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

Законот подолг период го изготвуваа здруженија за заштита на животни во соработка со пратеници, а …