Почна церемонијата за отворањето на Летните олимписки игри во Токио

Почна церемонијата за отворањето на Летните олимписки игри во Токио

Свечената церемонија на отворањето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио започна во 13 часот, а за првпат во својата историја спектакуларниот настан се одржува пред минимален број на гости, јавува Би-би-си. Како публика на токискиот стадион има само околу 1.000 присутни делегати и останати гости.

Поради ковид пандемијата, ЛОИ во Токио се соочуваат со низа на проблеми. До 8 август во сите олимписки спортови треба да настапат околу 11.000 спортисти. Првични случаи на ковид позитивни меѓу спортистите веќе беа регистрирани во Олимпиското село, а има и спортисти кои се наоѓаат во изолација.

Инаку, атлетичарите и другите учесници ќе бидат редовно тестирани, нивното движење ќе биде ограничено и ќе мора да се придржуваат до посебни мерки. Организаторите веќе се заканија дека ќе го дисквалификуваат секој спортист што не ги почитува правилата за заштита од ковид-19.

И македонскиот тим на ЛОИ вчера се соочи со проблем, откако џудистката Арбреша Реџепи за време на летот од Франкфурт до Токио имала близок контакт со лице кое излегло позитивно на тестирањето за ковид-19. Првично таа требаше да оди во изолација, а со тоа и да отсуствува на церемонијата на отворање на ЛОИ, но последните информации се дека сепак таа ќе биде знаменосец кај македонскиот тим во женската категорија.

Нашата земја во Токио ќе биде претставувана од спортистите: Дејан Георгиевски (таеквондо), Миа Блажевска Еминова и Филип Дерковски (пливање), Јован Стојкоски (атлетика), Арбреша Реџепи (џудо), Борјан Бранковски (стрелаштво), Пуликсенија Јовановска (карате) и Магомедгаџи Нуров (борење).

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Рускиот државјанин Јури Коховац денеска (22 април) беше осуден од судот во Москва на пет …