Почна изградбата на новиот парк во Мичурин

Почна изградбата на новиот парк во Мичурин

Општина Аеродром деновиве ги почна активностите за изградба на новиот парк во населбата Мичурин.

Урбаниот парк, истакна градоначалникот Марин, ќе се гради на постојното игралиште спроти ОУ „Блаже Конески“, а ќе биде со површина од 3 573 квадратни метри. Паркот ќе понуди зелени површини, детско игралиште, пешачки патеки со клупи, комбинирано спортско игралиште за рекреација, како и место за друштвени игри за најмладите.

Исто така, на оваа локација ќе има и артериски бунар со цел навремено наводнување на околното зеленило.

Општина Аеродром, покрај овој парк, во наредниот период ќе изгради повеќе паркови на различни локации. Два од урбаните парка ќе бидат во Стар Аеродром, покрај улиците „Методија Шаторов Шарло“ и „Пандил Шишков“, а нов парк ќе се гради и меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и касарната „Гоце Делчев“.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …