Почна Самитот на Движењето на неврзаните во Белград посветен на 60-годишнината од основањето

Почна Самитот на Движењето на неврзаните во Белград посветен на 60-годишнината од основањето

„Добредојдовте дома. Белград беше, е и ќе биде горд домаќин на секој човек со мир во душата. А основната идеја околу која се собраа нашите предци при основањето на ова движење е мирот. Мирот е темел за развојот на соработката, и тоа во политиката, културата или економијата. Меѓународната соработка со почитување на основните принципи и целта на повелбата на ОН е патот кон севкупна благосостојба и просперитет на целото човештво“, им се обрати претседателот на Србија,  Александар Вучиќ на претставниците на 105 земји, девет делегации на меѓународни организации и 40 министри за надворешни работи кои се во Белград на Самитот посветен на 60-годишнината од Движењето на неврзаните.

Тој ја нерече Србија, правен наследник на Југославија, основач на ООН и ДНЗ и истакна дека од сите борби, најболната е онаа насочена кон зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет, односно решавање на прашањето за Косово.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој исто така е присутен на Самитот ги отфрли тврдењата дека Москва се обидува да се меша во внатрешните работи на земјите од Западниот Балкан за да оствари влијание во регионот, тврдејќи дека Русија со сите има односи засновани на заемните интереси.

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин во своето обраќање нагласи дека Србија строго ќе се придржува до воената неутралност, нема да влезе во НАТО и нема да поддржи санкции против Русија.

„Сè додека Србија е управувана од претседателот Александар Вучиќ и додека јас сум во безбедносните структури, Србија нема да стане членка на НАТО и ние ќе водиме многу строга грижа да ја зачуваме нашата воена неутралност. Србија никогаш нема да поддржи санкции против Русија или антируска хистерија. Историјата покажува дека секоја русофобија е и србофобија. Досега, не се случило некој што ја напаѓа Русија, да не ја нападнал Србија. Не зависи од нас. Тоа е само правило“, рече Вулин.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Кога Фолксваген ќе кивне, Волфсбург се разболува

Кога Фолксваген ќе кивне, Волфсбург се разболува

Првпат во историјата Фолксваген планира затворање погони во Германија и масовни отпуштања. Во Волфсбург, каде …