Почнува 53.Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Пишува: Зоран Милошески

Изведбата на претставата „Ничија земја“ на НУ Македонски народен театар – Скопје, ќе го означи почетокот на 53.МТФ „Војдан Чернодрински“. Во периодот од 8-15 јуни, љубителите на театарската уметност ќе можат да проследат 12 претстави во официјална и 6 во придружната програма. Во рамките на Фестивалот ќе бидат одржани и тематски трибини, изложба и промоција на театарска литература.

Покрај вечерашната претстава на МНТ, селекторот и уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“, Катарина Коцевска, за годинешното фестивалско издание ги избра и овие 11 претстави на македонските професионални театри и независни театарски групи:

„Доктор Фауст“- НУ Народен театар-Битола;

„Клетници“ – Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп;

„Еднаш свет изградив“- НУ Театар за деца и младинци-Скопје;

„Царот Владислав“- НУЦК „Антон Панов“- Народен театар Струмица;

„Крал Лир“- НУ Турски театар-Скопје;

„Бог на масакрот“- НУЦК „Ацо Шопов“-Театар Штип;

„Дони Дарк“- НУ Театар „Комедија“-Скопје;

„Жените“- НУ Албански театар-Скопје;

„Тоалет за дами“- НУЦК „Ј.Х.К.Џинот“- Театар Велес;

„Лет над кукавичјото гнездо“- НУ Драмски театар-Скопје;

„Ужегнатост“- Независна театарска група „Артопија“-Скопје.

Во придружната програма, Факултетот за драмски уметности ќе ја прикаже испитната претстава по актерска игра во класата на проф. Мими Таневска и демонстраторот Ангелчо Илиевски, а ЕСРА-Универзитет отза Аудиовизуелни Уметности-Скопје, испитот по актерско мајсторство во класата на проф. Мето Јовановски и асистентот Магдалена Ризова Черних. НУЦК „Трајко Прокопиев“-Куманово на фестивалот ќе гостува со претставата „Жена од минатото“, додека НУ Драмски театар-Скопје ќе биде дел од придружната програма со претставата „Партија реми“. „Железниот светилник“ е претставата на гостите од Бугарија, Театарот на Бугарската армија. Во чест на наградените, НУ Театар „Комедија“ на последната фестивалска вечер ќе ја игра претставата „Не сега, драга“.

Годинешни добитници на наградата за животно дело, се актерот Петре Арсовски и композиторот Љупчо Константинов.

 

 

Прочитајте повеќе

МНР – Макрон уверува дека ненамерно згрешил со „Северномакедонци“

Направена е ненамерна грешка при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија, вакво уверување …