Подметнат пожар на депонијата „Алинци“

Подметнат пожар на депонијата „Алинци“

Синоќа околу 19 и 30 часот, непознати сторители подметнале пожар на западната страна од депонијата „Алинци“, во делот на ламела каде се одлага текстилен отпад.

Огнот е сатавен под контрола и целосно е изгаснат, но заради можноста од негово повторно разгорување, дежурна екипа од ЈКП „Комуналец“ со две цистерни и градежни машини, постојано се на терен и ги санираат оштетувањата на депонијата.

Според очевидец од селото Алинци, пожарот го подметнале лица кои со два автомобили биле во близина на депонијата. Според изјавата на очевидецот, откако текстилниот отпад почнал да гори, подметнувачите на огнот со бела „Застава 101“ и со уште едно возило без регистарски табли, се оддалечиле од местото.

Покрај Територијалната противпожарна единица, во гаснењето на пожарот учествувале и вработени од ЈКП „Комуналец“, а на лице место била присутна и полицијата.

До ПС – ОН Прилеп, ЈКП „Комуналец“ поднесе пријава против непознат сторител.На депонијата „Алинци“ годишно се одлагаат 32 илјади тони отпад, од кои 690 тони се исклучиво текстилен отпад,

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …