Поднесено обвинение против Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров

Поднесено обвинение против Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров

За кривичното дело Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем е предвидена казна затвор од една до пет години.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Јавното обвинителство, не наведувајќи ги нивните имиња, информираше дека двајцата обвинети преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.

„Првиот обвинет, гостувајќи во интервју објавено на 14 февруари како поткаст на Јутјуб канал на вториот обвинет, јавно промовирал чин на полово насилство, евоцирајќи спомени од неговото наводно минато, без да изнесе морална осуда или каење, со тоа свесно промовирајќи го таквото насилничко однесување. Вториот обвинет, иако бил свесен за влијанието што го има содржината што ја емитува особено меѓу младата популација, сепак не го спречил или прекинал соговорникот, туку дополнително го наведувал со коментари и потпрашања да го прераскажува спорниот настан“, се вели во соопштението на обвинителството.

За кривичното дело Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем е предвидена казна затвор од една до пет години, а обвинителството информираше дека Министерството за внатрешни работи (МВР) го обезбедил поткастот и целокупниот доказен материјал кој го потврдува делото.

Поради опасност од бегство, јавниот обвинител предлага Основниот кривичен суд – Скопје да предели мерка на претпазливост за Латас со привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Покрај ова, за двајцата обвинети е предложена и мерка – забрана за каков било јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

Изминативе два дена спорниот поткаст на Јутјуб каналот на Стефан Лазаров предизвика жестоки реакции во јавноста, при што реагираше Хелсиншкиот комитет за човекови права, како и повеќе невладини организации и здруженија.

Видеото од емисијата во моментов не е достапна за гледање на Јутјуб.

Прочитајте повеќе

СДСМ: На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината, нема откажување!

СДСМ: На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината, нема откажување!

Соопштение за јавност на СДСМ На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината. Граѓаните …