ПОДОБРА ФУНКЦИОНАЛНОСТ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ-ТЕМА НА СОСТАНОКОТ ПОМЕЃУ СУГАРЕСКИ И БОЧВАРСКИ

ПОДОБРА ФУНКЦИОНАЛНОСТ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ-ТЕМА НА СОСТАНОКОТ ПОМЕЃУ СУГАРЕСКИ И БОЧВАРСКИ

Царинската Управа е во постојана соработка и координација со Министреството за транспорт и врски, особено за реализација на сите градежни работи (градба, реконструкција)кои се изведуваат на граничните премини – за кои ЦУ има законски ингеренции. Од особена важност при унапредувањето на граничните премини се пристапните патишта кои се услов за непречен проток на стока и патници, а се во надлежност на Министерство за транспорт и врски.
На денешната работна средба која ја имаа директорот на Царинската управа Сугарески, Министерот за транспорт и врски г. Благој Бочварски и државниот секретар г. Митко Трајчулески се разговараше за тековните активности кои се однесуваат на градежни проекти на ЦУ за изградба или реконструкција на граничните премини и градежни интервенции.
“Реализацијата на предвидените активности за осовременување на граничните премини ќе придонесат кон поголема функционалност, забрзан проток на сообраќајот и зголемен квалитет на услугите за вработените и патниците, како корисници на граничните премини.” истакна Сугарески.
Се разговараше и за “Реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир” и “Набавка на Нов Национален едношалтерски систем – NSW“ кои се дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот за Западен Балкан, финансиран со заем од Светска Банка, а се реализира преку Проектната единица во рамките на Министерството за транспорт и врски.
Oтпочнато e активно да се работи на реализација на проектите, a динамиката при изведување на истите е задржана согласно предвидувањата. Царинската управа ќе продолжи интензивно да соработува со сите владини и државни институции кои се надлежни за протокот на стоки, добра и патници со цел олеснување на царинските процедури.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …