Утре, вторник 7. август со почеток во 19.00 часот, во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи „Поетска вечер“, на која со своето творештво ќе се претстават 15 поети, членови на Клубот на литературни творци – Прилеп.
Поетската вечер се одржува во рамките на Прилепското културно лето.