Поевтинува паркирањето во Битола

Поевтинува паркирањето во Битола

Драстично се намалуваат цените за паркирање во Битола, најави Зоран Дојчиновски директор на новото Јавно претпријатие за паркинзи чиј основач е Општина Битола и кое во иднина ќе управува со зонското паркирање.

Новиот  ценовник е со намалени цени на услугите за сите три зони во градот и се носи на денешната седница на Совет. Паркирањето во А зона поевтинува за 5 денари, а во Б за 10 денари. Паркинзите ќе работат од 7 до 21 часот со иста цена на чинење во сите зони во текот на цел ден.

Поевтинува паркирањето во Битола,,Првите 15 минути остануваат слободни. Во зона А цената за паркирање ќе биде 30 денари за два блок часови, а секој следен час ќе биде за 5 денари поевтин, односно 25 денари. Во зона Б цена од 20 денари за два блок часови, а секој нареден час ќе биде за 10 денари поевтин од претходниот. Паркирањето во зона Ц ќе биде 30 денари цел ден. Драстично се намалува цената на паркирање посебно во зона Б за 10 денари. Во делот на повластеното паркирање паркинг картата за жител останува 200 денари за прво и 300 денари за второ возило. Има намалување и на паркинг картата за правно лице во зона А од 6000 на 2000 денари, во зона Б 4000 на 1300 денари и во зона Ц 2000 на 1000 денари”, рече Дојчиноцски.

Дневна карта ќе чини  250 денари во зона А и 200 денари во зона Б што е намалување за 100 денари во однос на претходните цени.
Поевтинуваат и цените за блокада на возилата од 1000 на 500 денари.

За годишна карта ќе  се плаќаат само 11 месеци.
Електричните возила ќе бидат ослободени од плаќање паркинг. Ќе има две паркинг места за електрично полнење на возилата на паркингот кај Спортската сала. Граѓаните една година ќе можат бесплатно да ја користат електричнат енергија од тој полнач.

 

Извор:АПЛА

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …