дизел бензините горива горивата

Поевтинува дизелот и маслото за греење, цените на бензините остануваат исти

Со одлука донесена на 27 ноември 2025 година, Регулаторната комисија ги утврди највисоките малопродажни цени на нафтените деривати во Македонија. Новите цени стапуваат на сила од 00:01 часот на 28 ноември 2025 година.

Нови малопродажни цени:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 75,00 денари за литар (без промена)
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 77,00 денари за литар (без промена)
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 денари за литар (намалување за 2,50 денари)
  • Екстра лесно масло за греење (ЕЛ-1) – 67,50 денари за литар (намалување за 2,00 денари)
  • Мазут М-1 НС – 34,865 денари за килограм (без промена)

Просечно намалување од 1,26 проценти

Според образложението во одлуката, во однос на претходната пресметка од 24 ноември, цените на нафтените деривати во просек се пониски за 1,26 проценти.

Причини за поевтинувањето

Од Регулаторната комисија посочуваат дека до намалување на цените дошло поради:

  • пад на светските цени на нафтените деривати,
  • поевтинување на дизелот и маслото за греење на берзите,
  • стабилен курс на денарот во однос на американскиот долар.

Прочитајте повеќе

евра

Битиќи: Новиот буџет носи рекордно задолжување

На денешната комисиска расправа за финансирање на буџет, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи обвини дека …