Погребан Џорџ Флојд чија смрт поттикна протести во САД и светот

Погребан Џорџ Флојд чија смрт поттикна протести во САД и светот

Покрај ковчегот во црквата поминаа скоро 6.000 луѓе, а потоа тој беше погребан пкрај неговата мајка на гробиштата во Хјустон. Скоро две недели на улични протести од смртта на Флојд ги засилија повиците за полициска реформа и за измени во системот на кривично право како и во борбата против расната нееднаквост во САД и во странство. Флојд почина на 25 мај откако полицаецот Дерек Шовин го притискал коленото на вратот на 46-годишникот скоро девет минути. Снимката на случајот се рашири на Интернет. Шовин се соочува со обвиненија за убиство, а тројца други офицери вклучени се обвинети за помагање и поттикнување убиство.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …