Од полноќ, односно од почетокот на полицискиот час, до 4 часот рано утрово, полицијата фатила 16 лица што не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (29/30.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за задолжително носење заштитна маска регистрирани се 188 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Истовремено, министерството упати апели до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.