Полициски час од 19 наместо од 16 часот, викенд карантинот да почнува од сабота во 13 часот

Полициски час од 19 наместо од 16 часот, викенд карантинот да почнува од сабота во 13 часот

Полициски час од 19 наместо од 16 часот, викенд карантинот да почнува од сабота во 13 часотСогласно најновите анализи, успешно го амортизираме ширењето на епидемијата, имаме линеарен пораст на бројот на заразени пациенти. Успешно се справуваме како држава со ситуацијата, воопшто не се оптоварени болниците, а сите одлуки кои ги донесе Владата дадоа добри резултати, за што им се заблагодарувам на граѓаните кои ги почитуваа мерките и ја сфатија важноста. Ова е причина да направиме благо релаксирање на рестрикциите на движење, рече на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

За ова ќе се дискутира на утрешната седница на Владата, на која ќе биде одлучено од кога новите мерки ќе се применуваат. Новите мерки ќе се воведат на сметка на подигање на мерките на лична заштита на населението.

– Комисијата за заразни болести ќе ѝ предложи на Владата нови мерки за лична заштита на населението. Оваа комбинација на мерки, ќе овозможи порастоварено луѓето да се движат. Предлогот е полицискиот час да започнува во 19 часот наместо од 16, со што ќе се добијат часови за да си ги завршат обврските. За возрасните лица наместо од 10 до 12 часот, движењето да биде дозволено од 8 до 12 часот на пладне. Времето на младите ќе биде продолжено од 13 до 16 часот. Има предлог и полицискиот час за време на викенд да остане, но со скратено време, односно да започне во сабота во 13 часот и да заврши во понеделник во 5 часот наутро – информира Филипче.

Во однос на личната заштита, предлогот е да се носи маска во затворени објекти и на отворено кога граѓаните не се во можност да ја одржат препорачаната дистанца од два метри.

– Маска ќе треба да се носи во сите затворени простории. Задолжително ќе биде и носењето на маска и на пазарите. Исклучок се прави ако лицето носи заштитна опрема на работа, ако е во двор, ако вози или спортува но ја држи потребната дистанца, ако се вози во кола со блиски членови на семејството. Граѓаните треба да разберат дека мора да се почитуваат овие мерки – рече Филипче.

Тој информира дека анализите за починатата мајка и син во Велес, покажале дека тие починале во март, а не во јануари, па согласно тоа, рече дека нема потреба да се прават дополнителни истражувања. Но, Филипче вели дека истрагата продолжува, односно се прават токсиколошки и хистопатолошки анализи, по што ќе има повеќе информации за случајот.

Во Шутка завршени е сите анализи, сите се негативни, институцијата работи непречено. Во Домот за геријатрија во Ѓорче, сите земени брисеви се негативни, тројца на штитеници и 13 на вработени, реорганизирана е работата. Лабораторијата во МАНУ почнува со работа од денеска. Таа е биде наменета за сите анализи.

Според денешните бројки, во државата се регистрирани во последното деноноќие седум новозаразени пациенти, на направени 207 тестови.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …