Полио Плус: Потребна е поголема вклученост на лицата со хендикеп во сите општествени текови

Полио Плус: Потребна е поголема вклученост на лицата со хендикеп во сите општествени текови

Во организација на движењето против хендикеп Полио Плус, денеска во просториите на СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ во Прилеп, беше организирана панел дискусија. Тема на дискусијата, на која учествуваа и градоначалникот Илија Јованоски, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и пратеникот Хари Локвенец, беше разоткривање на прашањето на хендикеп во областа на социјалната заштита.

Полио Плус: Потребна е поголема вклученост на лицата со хендикеп во сите општествени тековиНа панел дискусијата која имаше регионален карактер, учествуваа и организации на лица со хендикеп и родители на деца со хендикеп од Прилеп и Битола, се дискутираше за социјалната заштита и обврските кои што ги имаат општините, согласно ратификуваната Конвенција за правата на лицата со хендикеп.

„Со процесот на децентрализација, општините имаат обврска да започнат креирање на сервиси за поддршка на граѓаните со хендикеп, како и да развие различни регулаторни механизми кои на граѓаните со хендикеп ќе им овозможат поактивно вклучување не само во процесот на креирање на сервисите, туку и во процесите на нивно спроведување, мониторнг и евалуација. Воедно, на денешната дискусија беа презентирани и резултатите од терен, во поглед на размислувањата и видувањата на лицата со хендикеп и родителите на деца со хендикеп, во врска со социјалната заштита и колку таа е усогласена со Конвенцијата Полио Плус: Потребна е поголема вклученост на лицата со хендикеп во сите општествени тековиза правата на лицата со хендикеп“, изјави Елена Кочоска од Полио Плус.

Според Кочоска, она што може да се извади како заклучок од панел дискусијата, е дека и на Македонија како држава, и на општините, им претстојат многу предизвици кои ќе бидат надминати само со заедничка работа. Тоа, како што потенцираше Кочоска, подразбира поголема ангажираност и поголема вклученост на лицата со хендикеп во сите општествени текови и, воедно, да имаат улога на активни преговарачи со локалната самоуправа.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …