Политичкиот трилер „Битка по битка“ со најмногу Оскари

Политичкиот трилер „Битка по битка“ со најмногу Оскари

Политичкиот трилер „Битка по битка“ е победник на овогодишното доделување на Оскарите. Филмот освои шест Оскари, меѓу кои и наградата за најдобар филм. Со тоа го надмина фаворитот со рекорден број номинации „Грешници“, кој на крајот освои четири Оскари.

Филмот „Битка по битка“ на Пол Томас Андерсон, со Леонардо Ди Каприо во главната улога, раскажува за милитантни активисти во САД кои се борат за правата на мигрантите. Режисерот Пол Томас Андерсон по многубројни номинации за првпат самиот освои Оскар – како најдобар режисер, за најдобро адаптирано сценарио и како копродуцент. Со 13 номинации филмот влезе во трката како еден од фаворитите.

Повеќе номинации имаше само филмот „Грешници“ на режисерот Рајан Куглер – драмата сместена на американскиот Југ имаше 16 номинации, повеќе од кој било друг филм во историјата. На 98-тото доделување на Оскарите филмот освои награди за најдобро оригинално сценарио, најдобра камера, најдобра филмска музика и најдобар главен актер – Мајкл Б. Џордан.

Оскари 2026 | Мајкл Б. Џордан го освои Оскарот за најдобар актер
Мајкл Б. Џордан го освои Оскарот за најдобар актер

Џордан игра двојна улога во „Грешници“. Тој ги победи, меѓу другите, Леонардо Ди Каприо и Тимоти Шаламе, номиниран за улогата на играч на пинг-понг во „Величествениот Марти“.

Наградата за најдобра главна актерка ја доби ирската актерка Џеси Бакли – во драмата „Хамнет“ таа ја игра сопругата на поетот Вилијам Шекспир, која тагува по својот син. Таа ги победи, меѓу другите, Ема Стоун и Кејт Хадсон.

САД Лос Анџелес 2026 | Џеси Бакли го освои Оскарот за најдобра актерка
Џеси Бакли го освои Оскарот за најдобра актерка

Холивудската ѕвезда Шон Пен, кој не беше присутен на церемонијата на доделување на наградите, го освои Оскарот за најдобра споредна улога за улогата на корумпиран воен офицер во „Битка по битка“. За 65-годишниот актер тоа е трет Оскар.

Награда за најдобра споредна улога во женска конкуренција освои Ејми Мадиган за хорор-филмот „Оружје – часот на исчезнувањето“.

Прв Оскар за снимателка

За првпат Оскарот за најдобра камера го освои жена: Американката Отом Дуралд Аркапо беше наградена за филмот „Грешници“.

За првпат беше доделен и Оскар за најдобар кастинг, кој ѝ припадна на Касандра Кулукундис за „Битка по битка“.

Необично беше и тоа што во една категорија имаше изедначување – нешто што според Академијата досега се случило само седум пати. Затоа Оскарот за најдобар краток филм го поделија „Пејачи“ и „Двајца луѓе разменуваат плунка“.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување на 24 Анализа, обвини дека владата не презела …