Медиумот „Политико“ (Politico) објави список на најмоќните луѓе во Европа на кој се наоѓаат 28 имиња, и за најмоќна личност во Европа прогласена е италијанската премиерка Џорџа Мелони, пренесува медиумот Н1.
„Ако сте Илон Маск – најбогатиот човек на светот, воедно еден од најмоќните во светот и клучен советник на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп – таа титула во Европа денес и припаѓа на Џорџа Мелона“, пишува Политико.
Oд изборите во 2022 година, италијанската премиерка воведе нови политики во државата како што се за прашања миграцијата и правата на ЛГБТ лицата. Реакциите на лидерите на Европската унија се движеа од рамнодушност до одобрување, при што многумина ја прифатија Мелони како голем претставник.
Мелони беше објавена на сите медиуми, и на предните страни на сите магазини кога стана прва премиерка на Италија, но малкумина предвидуваа дека ќе остане долго на функцијата. Стручњаците очекуваа дека внатрешните борби неизбежно ќе ја подбијат нејзината владеечка коалиција на десничарски партии.
Во текот на последните две години, Мелони ја консолидираше својата влада како една од најстабилните што постоеле во повоената Италија. Иако земјата е оптоварена со државен долг од 137% од нејзиниот бруто домашен производ.
Листа на најмоќните луѓе во Европа
- Џорџа Мелони
- Урсула фон дер Лајен
- Владимир Путин
- Доналд Туск
- Надиа Калвињо
- Пиотр Серафин
- Рачел Ривс
- Стефани Ризо
- Антонио Коста
- Сабина Вејанд
- Фридрих Мерц
- Тереза Рибера
- Рафаљ Трзасковски
- Марин Ле Пен
- Рафаеле Фито
- Пеитер Маџар
- Херберт Кикл
- Сахра Вагенкнехт
- Удо Золеис
- Марк Руте
- Андриј Јермак
- Каја Калас
- Виктор Орбан
- Армин Паппергер
- Радослав Сикорски
- Папа Франциск
- Педро Санчез
- Артур Менш