Полициските специјалци со 10 нови интервентни возила

Полициските специјалци со 10 нови интервентни возила

Полициските специјалци добија 10 нови интервентни возила, донација за МВР од Владата на Република Чешка. Набавката на возилата беше направена во рамките на договорот вреден еден милион евра, којшто ќе биде искористен за материјално – техничко модернизирање на повеќе организациони единици при МВР, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Полицискиот центар Ѓорче Петров присуствуваше на презентацијата на набавените интервентни возила. Тој се заблагодари на чешката влада и на амбасадорот на Чешка во нашата земја, Мирослав Томан.

– Продолжуваме со несмалено темпо со напорите за подобрување на техничко – технолошките капацитети на полицијата, за осовременување и надградба на средствата и опремата нужни за ефикасно и квалитетно вршење на работните задачи на полициските службеници – изјави министерот Оливер Спасовски.

Возила “Fiat Ducato“ се наменети за брза интервенција, при справување со нарушен јавен ред и мир од поголем обем, но и за извршување на други полициски задачи, и тие поседуваат комплетна заштитна опрема на сите ранливи делови на возилата, тетра уред, рото светла, флешери и сирени, односно целосно се прилагодени за полициска намена. Цената на едно возило е 1.499.000 денари без вклучен ДДВ.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …