Помирувачки телефонски разговор меѓу Макрон и Бајден

Помирувачки телефонски разговор меѓу Макрон и Бајден

По сериозниот раздор меѓу двете земји во спорот околу подморниците, претседателите на САД и Франција се обидуваат да ја повратат меѓусебната доверба. Тие се согласија да се сретнат во Европа на крајот на октомври.

Франција ќе го врати наредната недела својот амбасадор во Вашингтон, откако францускиот и американскиот претседател, Емануел Макрон и Џо Бајден, се договорија да се сретнат на крајот на октомври поради спорот околу подморниците.

Лидерите на овие две држави „одлучија да отворат процес со длабински консултации со цел да се врати довербата“, е наведено во заедничкото соопштение од Елисејската палата и од Белата куќа по телефонскиот разговор меѓу Бајден и Макрон.

Франција го повика на консултации својот амбасадор, откако САД, Австралија и Британија минатата недела најавија ново стратешко партнерство во индиско-пацифичкиот регион, но земјите не ја консултираа Франција, која со тоа партнерство го загуби поранешниот договор вреден десетици милијарди долари за испорака на подморници во Австралија.

Во мај 2018 година, Емануел Макрон и австралискиот премиер Малком Турнбул се фотографираа на француска подморница, прославувајќи го сега веќе пропаднатиот договор 

Во мај 2018 година, Емануел Макрон и австралискиот премиер Малком Турнбул се фотографираа на француска подморница, прославувајќи го сега веќе пропаднатиот договор

 

Бајден и Макрон се согласија дека „отворените консултации меѓу сојузниците за прашањата од стратешки интерес за Франција и за европските партнери овозможиле да се избегне на оваа ситуација“.

Бајден го потврди „стратешкото значење да се ангажираат Франција и Европа во индиско-пацифичкиот регион“.

Европска унија минатата недела претстави стратегија за зајакнување на економските, политичките и одбрамбените врски на подрачјето кое се протега од Индија и Кина преку Јапонија до југоисточна Азија и на исток, преку Нов Зеланд до Пацификот.

Порано од канцеларијата на Макрон беше соопштено дека францускиот претседател очекува „разјаснување околу американскиот избор да држи еден европски сојузник настрана во структурната размена за соработка во Индо-Пацификот“.

Макрон и Бајден телефонски раговараа на барање на претседателот на САД.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …