WASHINGTON, DC - SEPTEMBER 12: A sign stand outside the U.S. State Department September 12, 2012 in Washington, DC. U.S. Ambassador to Libya J. Christopher Stevens and three other Americans were killed in an attack on the U.S. Consulate in Benghazi, Libya. (Photo by Alex Wong/Getty Images)

Помпео: САД го поддржуваат историскиот Договор од Преспа

САД го поддржуваат историскиот Преспански договор и му честитаат на грчкото раководство за неговото постигнување, истакнал американскиот државен секретар Мајк Помпео на средбата во Вашингтон со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.

Катругалос вчера во Њујорк имаше средба со посредникот на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц на која беше поздравена заложбата на Атина и Скопје за успешно комплетирање на Договорот од Преспа.

Во соопштението од Стејт департментот издадено по средбата се вели дека Помпео му честитал на Катругалос за излегувањето на Атина од програмите за финансиска помош и ја повторил поддршката на САД за економско закрепнување на Грција. Двајцата се согласиле дека Вашингтон и Атина ќе продолжат да работат заедно за промовирање стабилност и просперитет на Балканот и во источниот Медитеран.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …