Пратениците синоќа ги изгласаа законските измени за одложување на пописната акција, наместо до 1 до 21 април, за септември годинава, поточно таа ќе се реализира од 5 до 30 септември. Во меѓувреме, ќе трае попишувањето на дијаспората. Со усвоените измени во Кривичниот законик, пак, локалните избори, ќе се одржат на 24 или на 31 октомври, а граѓаните ќе gласаат со отисок од прст.

Овие новини во понеделникот беа договорени на средбата меѓу премиерот Зоран Заев од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, при што поддршка на договореното имаше и од партијата ДУИ, а против се Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Измените и дополнувањата на Законот за попис синоќа во Собранието беа донесени со 95 гласа „за“, и 12 „против“, воздржани немаше.

Пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива го повторија ставот дека одложувањето на пописот не е поради пандемијата, туку од политички причини, поради масовното попишување на Албанците од дијаспората и го повикаа ДУИ да гласаат против одложувањето.

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, посочи дека, 50 починати и околу 20.000 заболени од ковид-19, се доволна причина за пролонгирање на пописната акција, што го бараше ВМРО-ДПМНЕ и ДС, а Левица пак, повикува на бојкот.

Со 95 гласа „за“ беа донесени и измените на Изборниот законик, поднесени од сите пратенички групи. Со нив се предвидува локалните избори да се одржат во втората половина од октомври годинава, а начинот на гласање да биде со терминали за вчитување на отисок од прст.

Извор: МЕТА