Претставничката на ДЗС Ѓоргиева посочи дека попладнево на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk ќе бидат објавени локациите во сите општини каде што граѓаните ќе можат да појдат и да се попишат.
Ѓоргиева нагласи дека ова се однесува на граѓаните кај кои попишувачот поминал, но сепак успеал да оствари контакт. Таа повика граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи пописот трае до 30 септември, попишувачите работат интензивно на терен и некои граѓани ќе бидат посетени и на последниот ден. Таа изрази уверување дека никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој огромен статистички процес, бидејќи целта на Пописот е целосен опфат на сите граѓани кои во моментов живеат во Република Северна Македонија.
Ѓоргиева од името на Државниот завод за статистика се заблагодари на граѓаните за огромната соработка и поддршка на овој процес, при што изрази задоволство од фактот што граѓаните го сфатија значењето на Пописот како статистичка операција која е од интерес за развојот на државата и за сите нас.
Портпаролот на Владата Хоџа информираше дека заклучно до денеска во 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, како и дека се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората.