Поплави Бангладеш

Поплави во Бангладеш: Осум загинати и над 2 милиони загрозени

Бројот на загинати во поплавите во Бангладеш оваа недела се искачи на осум, а повеќе од два милиони жители ги осетија последиците обилните дождови, кои предизвикаа излевање на реките во азиската земја, пренесува Гардијан.

Две момчиња загинале откако се превртил спасувачки брод.

„Во малиот чамец имаше девет луѓе. Седуммина отпливаа до крајбрежјето. Две момчиња не знаеле да пливаат. Тие се удавија“, изјавил локален шеф на полиција.

Владата отвори стотици засолништа за раселените граѓани.

Во Бангладеш, кој има население од повеќе од 170 милиони жители, има сè повеќе поплави во последните децении. Климатските промени ги прават дождовите понепредвидливи, а сè почесто се случува да се топат хималајски глечери.

„Овде живееме со поплави. Но, оваа година водата беше многу висока. За три дена, Брахмапутра се искачи за 2-2,5 метри“, рече Абдул Гафур, локален советник.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Макрон го отфрли обидот на левичарскиот сојуз да назначи премиер

Макрон го отфрли обидот на левичарскиот сојуз да назначи премиер

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека по завршувањето на Олимписките игри во Париз ќе именува …