Попова Шапка можеше да биде тоа што се денес Банско и Боровец

Попова Шапка можеше да биде тоа што се денес Банско и Боровец

Двата скијачки центри во Бугарија, Банско и Боровец, иако помалку популарни во времето кога Попова Шапка имаше светска слава, последните години имаа силен развој, и го доживуваат најголемиот „сјај“ што го имале досега, пишува „Порталб.мк“. Покрај тоа, благодарение на компаративните предности што ги имаат, ниските трошоци, овие центри се натпреваруваат со ски-центри во Франција и Швајцарија.

Повеќегодишните проблеми во скијачкиот центар Попова Шапка почнаа да ги покажуваат ефектите со губењето на туристите. Ова, освен што го има оштетено Тетово како град, и самиот скијачки центар, има и ефекти во корист на другите скијачки центри Банско и Боровец во Бугарија, кои некогаш можеби не можеле да и се приближат на Попова Шапка, но денес, сите очи се свртени кон нив.

Бугарската влада и го даде Банско под концесија на компанијата УЛЕН, која веќе неколку години многу успешно управува со ски-центарот, тоа што ЕЛЕМ не го направи во Македонија.

Иако изградбата на жичарницата Тетово-Попова Шапка започнала во 1962 година, а била пуштена во употреба на 8 март 1965 година, денес, во 2019 година, кабините на оваа жичарница се надвор од употреба. А пак, 40 години подоцна, во Банско беше изградена жичарница, која го поврзува градот со ски центарот.

Проблемот со паркинзите и долгите колони кон Попова Шапка е поради недостаток на жичарница. Во Банско и Боровец, овој проблем е решен. На секои 30 минути автобусите се возат од автобуската станица во градот до ски-центарот.

Истовреме, во приватните хотели има паркинг-места за тие што сакаат да патуваат со автомобил. Општината, која управува со центарот Боровец во 2018 година, пушти во употреба за туристите и платен паркинг.

Првите натпревари на Попова Шапка се организирани во 1934 година, додека првите меѓународни натпревари, како што е Шарпланински куп, во 1947 година. Некогаш во Попова Шапка се подготвуваа млади кои се натпреваруваа со конкуренти од целиот свет и победуваа. Денес, на Попова Шапка не се организираат трки. За разлика од Попова Шапка, во Банско се организираат разни трки, ноќно скијање, разни активности за деца, ски школи и ноќен живот. Најпопуларните натпревари што се организираат се „Капи Куп“, „Пирин Куп“, „Улен Куп“, „ФИС Светското првенство во скијање“.

Покрај скијањето, во двата центри во Бугарија се организираат разни активности и фестивали, како што е Банско џез-фестивал. Во текот на сезоната особена важност се посветува на ноќниот живот со забави и музика за младите. Ноќното скијање е исто така омилено од многу скијачи, ски-лифтовите на Боровец, покрај редовните дневни часови се во функција и од 6 часот навечер до 9.30 часот наутро, со што на скијачите име се овозможува да уживаат во убавините на Боровец и во ноќните часови.

Во текот на летната сезона, центарот Боровец нуди за туристите јавање, што го прави овој центар привлечен дури и во летните месеци. Попова Шапка, од друга страна, освен скијањето нема други активности.

Во време кога се е дигитализирано, двата туристички центри им нудат на туристите на веб-страници со сите потребни информации, почнувајќи од ски-лифтовите и цените за нив, упатства за полесно пристигнување до центрите, активностите што се организираат, времето, рестораните и хотелите, мапи на терените, следење на временската прогноза во реално време.

Во меѓувреме, Попова Шапка едвај фигурира на веб-страницата на Општина Тетово, каде и малкуте информации што се дадени се земени од Википедија.

Според рангирањето спроведено од „Пост Офис“ (Post Office) и „Кристал ски-холидејс“ (Crystal Ski Holidays), Банско е најпрофитабилниот ски центар во Европа.Она што денес се Банско и Боровец, развојот што го имале, успехот и развиениот туризам би можел да го има и Попова Шапка доколку се управува успешно.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …