Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа која што вчера се случи на автопатот Скопје – Тетово.

Во овие моменти на тага и болка за целата држава, сочувствуваме со неизмерната загуба на семејствата на загинатите и посакуваме брзо опоравување на сите повредени.

14 и 15 феруари се прогласени за денови на жалост, во сеќавање на сите кои го изгубија животите во кобната ноќ на 13 февруари.

Во деновите на жалост, Општина Прилеп и институциите под нејзина надлежност, ги откажуваат сите планирани манифестации.