Поранешен висок менаџер во руски енергетски гигант и членови на семејството пронајдени мртви во Шпанија

Поранешен висок менаџер во руски енергетски гигант и членови на семејството пронајдени мртви во Шпанија

Поранешниот топ менаџер на рускиот гасен гигант Новатек, Сергеј Протосења, неговата сопруга и неговата ќерка се пронајдени мртви во изнајмена вила во Шпанија, објавија локалните медиуми на 21 април. 55-годишниот милионер бил пронајден обесен, додека неговата сопруга и ќерката биле избодени до смрт во вила во градот Лорет де Мар во близина на Барселона на 19 април, соопшти полицијата. Се наведува дека полицијата истражува две можни сценарија – дека Протосења ги убил сопругата и ќерката, а потоа се обесил, или дека некој го убил целото семејство и потоа го исценирал местото на злосторството, објави шпанскиот информативен сајт Телечино.

Кипар им го одзема државјанството на четворица руски милијардери

Протосења, поранешен главен сметководител на Новатек, беше и член на Одборот на директори на енергетската компанија. Неговото богатство се проценува на околу 433 милиони долари. Новатек е најголемиот независен руски производител на природен гас и аналитичарите велат дека неговиот феноменален пораст од мал играч во раните 2000-ти до компанија од 79 милијарди долари денес – не многу зад пазарната вредност на БП од 89 милијарди долари – во голем дел се должи на врските на компанијата со Кремљ. Генадиј Тимченко, клучниот акционер на Новатек, важи за близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Ќе ги оставиме Израелците да зборуваат за тоа. Ние не сме вклучени во нивниот процес …