Поранешниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски, доби 30 дневен притвор

Поранешниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски, доби 30 дневен притвор

Судија на претходна постапка му одреди 30 дневен притвор на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски по вечерашниот распит во Кривичниот суд.

Атанасовски беше уапсен синоќа, пред зграда спроти МВР.

Тој се товари за кривично дело „здружување заради непријателска дејност“, откако на минатите рочишта за случајот за упадот во Собранието на 27 април минатата година, од дел обвинети беше директно посочуван како главен организатор на насилниот упад во Собранието минатата година.

Атанасовски беше спроведен во Кривичниот суд на распит, а обвинителството побара притвор по сите три основи.

– Побарав мерка притвор по 3 основи, опасност од бегство, влијание врз сведоци за што е способен со оглед на функцијата што ја извршувал и опасност од повторување на кривичното дело – изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Атанасовски беше на чело на УБК, откако Сашо Мијалков даде оставка во септември 2016 година, до јуни 2017, а сега е советник за безбедност на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …