бебе новороденче

Породилното да трае 12 месеци, татковците да имаат 10 дена отсуство, предвидува новиот Закон за работни односи

Породилното отсуство на мајките можно е да изнесува 12 месеци, наместо сегашните 9 месеци, а татковците ќе имаат можност да користат 10 денови отсуство за раѓање на детето. Ова, меѓу другото, се новините во новиот текст на Закон за работни односи (ЗРО), кој е во фаза на подготовка и се очекува почетната верзија да биде готова во јуни годинава. За нив информираше на денешната прес конференција во Владата,  министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, по свечената седница на Економско-социјалниот совет.

Таа објасни дека работни групи во Министерство за труд и социјална политика (МТСП) ги прават завршните анализи за драфт верзијата на новиот ЗРО, кој треба да даде квалитетни новини според потребите на вработените како и во делот на договорите за работа, работењето од дома, сезонската, ноќната работа и друго, а по примерот на европското законодавство.

„Контурите на новиот закон ќе бидат познати во јуни, кога ќе започне и општата дебата во јавноста од сите релевантни, стручни фактори, пред да се добие финалната верзија на текстот. Работиме и на поглавјето за породолното отсуство. Се предвидува воведување на нов периодот на мајчинство и на родителство од 12 месеци, а на таткото да му следуваат 10 дена отсуство за раѓање на дете“, рече Шахпаска.

Во врска со зголемените трошоци во Фондот за здравствено осугурување, што ќе ги повлече новиот перид на породилно отсуство, таа кажа дека за нив се предвидени средства во буџетот на МТСП кои ќе бидат трансферирани во Фондот за здравствено осигурување.

Предлогот за продолжување на породилното отсуство на 12 месеци е прифатлив за работодавачите и за синдикатите. Претседателот на Организацијата на работодавачи (ОРМ), Ангел Димитров, рече дека ова ново решение е во согласност со европската регулатива, но иако товарот ќе биде на ФЗОМ, можно е за некои мајки поголемото отсуство од работа да биде пречка во кариерата.

Од Сојузот на синдикат на Македонија (ССМ) посочија дека ја поддржуваат оваа новина во ЗРО. Според секретарот на ССМ, Златко Цветковски, синдикатот дава посебен акцент на семејството, а породилното отуство од 12 месеци е во таа насока, дополнително, тоа ќе придонесе и за зголемување на наталитетот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …