Порталб: „Изложба“ со сметки за струја во Тетово, демонстрантите: Ова се криминалите и кражбите на ЕВН

Порталб: „Изложба“ со сметки за струја во Тетово, демонстрантите: Ова се криминалите и кражбите на ЕВН

Вчера во Тетово иницијативата „Доста“ реализираше изложба на фотографии со сметки за електрична енергија. Откако иницијативата организираше различен тип протести, според организаторот Кренар Османи, настанот е уметнички начин да ѝ се каже „Доста“ на ЕВН. Во меѓувреме, оваа иницијатива е прикрај со нацрт-законот во кој се предвидени сите нивни барања, додека за Порталб.мк, пратениците на албанските партии рекоа дека ќе го поддржат овој нацрт закон, пишува Порталб.мк.

Османи објасни дека помеѓу сметките што во моментот се поставени во центарот на Тетово има и сметки на иселеници кои, според него, воопшто не живеат во своите домови во Тетово, а сметките за струја им достигнуваат и до 6 илјади денари или повеќе.

„Малку поуметнички начин за да се прикажат криминалите и кражбите на ЕВН, грабежите што ЕВН ги врши во албански куќи. Тука имате сметки на куќи на жители кои не живеат таму, додека цената на сметката е до 6 илјади денари, има куќи што се загреваат на дрва, пелети или гас, додека сметките достигнуваат до 14 илјади денари. Има сметки чија вредност и во текот на летниот период достигнува и до 18 илјади денари. Вакви сметки во Источна Македонија, или во делот каде што живеат Македонците тука нема, тоа значи дека ние Албанците го плаќаме нивниот дел“, рече Кренар Османи.

Ова е 16-ти протест по ред, има ли напредок од првиот протест?

Единствениот напредок во однос на исполнувањето на нивните барања Османи го гледа во изјавите на Заев и претседателот на РКЕ, за намалување на висината на ДДВ-то за електрична енергија, изјави кои, според Османи, ќе останат само празни зборови без преземање какви било конкретни мерки.

„Слушнавме од медиумите дека беше споменато едно наше барање, а тоа е намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто. Имаше изјави од премиерот и претседателот на РКЕ дека ќе има разбирање за ова. Досега не е реализирано ниту ова, иако од нивните изјави помина месец и половина“, рече Османи.

Пред финализација е нацрт-законот преку кој се цели реализирање на сите барања на иницијативата „Доста“. Османи истакна дека сите пратеници Албанци изразија поддршка за овој нацрт закон.

„Тие ни ветија бланко поддршка, ние сме пред финализација на предлог-законот, но парламентот во моментов е блокиран поради неколку заразени пратеници со ковид-19. Штом го финализираме нацрт-законот, тој ќе биде вклучен во дневниот ред во Собранието“, рече Османи.

Молчењето на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), според Османи, е намерна затоа што оваа партија најде решенија за многу други барања, сепак не изразија поддршка во врска со барањата на иницијативниот совет против поскапувањето на струјата.

„Ние не ја гледаме волјата на македонските партии за нашите барања, ова е нашата 16-та активност по ред, учениците со еден протест постигнаа компромис, исто и пожарникарите, лозарите, додека овде не успеваат да најдат разбирање, време и волја да седнат да разговараат за овие витални барања. Не може 50-60 отсто од семејниот буџет да оди во ЕВН, ова е кривично дело и кражба“, истакна Османи.

Што содржи нацрт-законот составен од иницијативата „Доста“?

Три од седумте барања што ги има иницијативата, имаат простор да се решат преку закон, додека другите припаѓаат на други институции, вклучувајќи ја и Владата на РСМ и ЕВН.

„Од сите барања што ги имаме, три му припаѓаат на парламентот, сите три ќе стигнат во парламентот, а тоа е утврдување на цената, создавање на независна институција која ќе ја следи работата на ЕВН, ќе ги следи броилата на ЕВН и начинот како мерат како и опростувањето на долговите и каматите на заостанатите долгови за посебни случаи“, рече Османи.

Кои се барањата на организациониот одбор?

• Откажување на неодамнешното покачување на цената на електричната енергија;
• Намалување на цената за киловат за 46 проценти;
• Елиминација на монополот на ЕВН;
• Намалување на ДДВ од 18 отсто на 5 отсто;
• Формирање на трето тело, арбитражно, кое ќе ја следи работата на ЕВН, како и ќе ги разгледува барањата – жалбите на потрошувачите;
• Опростување на натрупаните долгови на социјални случаи;
• Бришење на казнените камати за сите слоеви на клиенти.

Инаку, Османи најави дека ќе продолжат со вакви протести се додека не се реализираат нивните барања. Потсетуваме дека во последните денови тие го изразија својот револт блокирајќи некои од најфреквентните патишта во земјата.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …