Порталб: Нова должничка листа – 816 државни субјекти пријавиле доспеани, а неплатени обрски!

Објавена е новата „должничка“ листа на државни субјекти. Според податоците, на крајот од третиот квартал вкупниот долг на училиштата, болниците, општините, јавните претпријатија, институциите од културата, судството изнесуваат 329,4 милиони евра. „Порталб“ во континуитет ја следи состојбата со доспеаните, а неплатени обврски на државните институции, фирми, агенции, судство, здравство.

Кој, колку и по кој основ должи?

На крајот од третиот квартал на новата должничка листа на Министерството за финансии се евидентирани 1.153 државни субјекти – институции, но 816 пријавиле доспеани, а неплатени обврски. Во однос на вториот квартал, вкупниот долг е намален за околу 2,5 милиони евра, но сепак има тенденција на пораст на долговите во здравството, кај општините и општинските јавни претпријатија.

Доспеани а неплатени обврски (трет квартал 2021)

Општини: 62,8 милиони евра

Јавни претпријатија и државни фирми: 124,6 милиони евра

Општински јавни претпријатија: 52,3 милиони евра

Јавни здравствени установи: 62,1 милиони евра

Намалување на доспеаните побарувања има кај јавните претпријатија и државните фирми – во период од три месеци за нешто повеќе од три милиони евра.

На прво место со долг во износ од 60,8 милиони евра е АД МЖ „Транспорт“ – Скопје, на второ место со доспеани, а неплатени обврски од 23,1 милион евра е АД „Македонски енергетски ресурси“, на трето место е државното ЈП „Македонски Железници – ИНФРАСТРУКТУРА“ со обврски во износ од 16,5 милиони евра; Општина Тетово со долг од 11,9 милиони евра е на четврто место, а на петтото е ЈП Колекторски систем – Скопје со доспеани, а неплатени обврски во износ од 8,3 милиони евра.

На должничката листа меѓу првите 50 најголеми должници и натаму се поголем број на општини со пријавени милионски долгови. Освен општина Тетово, високо котира и општина Охрид со долг од 6,7 милион евра, на деветто место на листата е општина Гостивар со обврски во износ од 5,4 милион евра, општина Карпош пријавила 4,2 милион евра долг, а општина Делчево должи 3,1 милион евра.

Доспеани а неплатени обврски – општини

Тетово: 11,9 милиони евра

Охрид: 8,3 милиони евра

Гостивар: 5,4 милиони евра

Карпош: 4,2 милиони евра

Делчево: 3,1 милиони евра

Во група од 50 најголеми должници според износот на обврските се и општините Струга, Делчево, Кавадарци, Желино, Врапчиште, Студеничани, Кичево, а на вкупната должничка листа се наоѓаат голем број на други општини. Кај дел од јавните претпријатија има намалување на долговите, но кај општинските јавни претпријатија регистрирано е зголемување на долговите за 3,8 милион евра само за три месеци.

На листата со долг од речиси 8 милиони евра е ЈП Водовод Куманово со Ц.О Куманово, потоа е ЈП Водовод и канализација – Скопје со доспеани обврски во износ од 6,2 милиони евра, ЈКП Тетово Ц.О – Тетово должи 4,8 милиони евра, ЈП Чистота и зеленило – Куманово пријавиле долг од 4,2 милиони евра, ЈП за Комунални дејности комуналец Ц.О Струмица пријавиле 4 милиони евра, а АД „Водостопанство“ – Скопје е со доспеани, а неплатени обврски во износ од 3,9 милиони евра.

На должничката листа 20 – на агенции под “државна“ капа пријавиле доспеани а неплатени обврски – со највисок износ на долг во оваа група е Агенција за електронски комуникации со пријавени обврски во износ од скоро 500.000 евра, Агенција за катастар на недвижности има долг од 114.000 евра а Агенција за храна и ветеринарство должи 50.000 евра на крајот од третиот квартал.

Доспеаните, а неплатени обврски во третиот квартал 2021 изнесуваат 329,4 милион евра, додека во третиот квартал 2020 година биле 305,9 милион евра

Во третиот квартал од годинава, во споредба со истиот лани, вкупниот долг на државниот сектор на централно и на локално ниво е зголемен за 23,5 милион евра. Во следната анализа, „Порталб“ ќе објави податоци за долговите на здравството, културата, министерствата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Хрватска: Претседател на конфронтациски курс

Зоран Милановиќ повеќе би сакал да биде премиер отколку претседател на Хрватска. Уставниот суд веќе …