Поставени автоматски апарати за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Прилеп

Поставени автоматски апарати за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Прилеп

Општина Прилеп и Општинскиот штаб за управување со кризи ги интензивираат мерките за справување со коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните.

За таа цел, денеска во функција беа ставени автоматски апарати за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Прилеп. Автоматските прскалки кои се поставени на сите 4 влезови во градот, користат специјално дезинфекционо средство и работат на принципот на активирање на сензор.

Истовремено, продолжува дезинфекцијата на влезовите во зградите и на сите населби во градот. Во текот на денешниот ден, со цистерни на Територијалната противпожарна единица без дезинфицирани улиците во населбата Варош. Во акцијата беше вклучено и возило на ЈКП „Водовод и канализација“, кое вршеше дезинфекција на потесните улици во населбата, во кои поголемите возила и цистерни немаат пристап.

Денеска се дезинифицираа и улиците во населените места Големо и Мало Коњари, Кадино село, Галичани, Беровци и Алинци. Дезинфекцијата се вршеше со механизација на месното население, а дезинфекционите средства ги обезбеди општина Прилеп.

Градоначалникот Илија Јованоски и Општинскиот кризен штаб уште еднаш апелираат до граѓаните на општина Прилеп да останат дома, да го почитуваат полицискиот час, како и препораките на Владата и Министерството за здравство.

Прочитајте повеќе

Почнува кампањата за парламентарните избори

Почнува кампањата за парламентарните избори

Од денеска, четврток 18 април, официјално стартува и кампањата за изборите за пратеници. Во тек …