Постигнат договор за Брегзит

Постигнат договор за Брегзит

Европската унија и Велика Британија постигнаа договор за Брегзит. Со договорот се дозволува земјата да ја напушти Унијата. Сега двете страни треба да стават потпис на договорот.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска соопшти дека договорот за Брегзит е „фер и избалансиран“. Договорот треба да биде поддржан од земјите членки на ЕУ и нивните парламенти.

Јункер на Твитер напиша дека „Онаму каде што има волја, има договор“. Тој препорачува Европскиот совет да го одобри овој договор.

Британскиот премиер Борис Џонсон вели дека станува збор за „одличен нов договор за Брекзит“.

Но претходно во Велика Британија северноирската партија соопшти дека да го поддржи предлог договорот за Брегзит. Британскиот парламент исто така мора да го ратификува договорот.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Макрон и Зеленски

Зеленски се сретна со Макрон, додека американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер се упатуваат кон Москва

Посетата на Зеленски на Париз следеше по состанокот меѓу украински и американски претставници во Флорида …