Поточиња 2025

Поточиња 2025: Детскиот музички фестивал во Филхармонија донесе радост, нови песни и хуманитарна поддршка

Изминатиов викенд (12 и 13 април) во Филхармонија по 22. пат се одржа детскиот фестивал „Поточиња“. Најавените шест претстави беа исполнети до последното место со насмеани и распеани деца кои со многу еуфорија и емоција на првите тактови на популарната фестивалска химна ги пречекаа децата – учесници на големата сцена.

Маскотата – водителот Поки (актерот Мартин Јорданоски) веднаш ја крена публиката на нозе и со првата песна „Дајте сите рачиња“ се разлеа громогласен аплауз. Се редеа новите 17 песни од фестивалскиот репертоар, а вниманието на детската публика не изостана до самиот крај на фестивалот. Последната песна, „Стоп за војните“, испрати искрена детска порака за поубав свет.

„Поточиња 2025“ имаше и хуманитарен карактер. Целиот приход од продадената дискографија на фестивалските денови, како и дел од средствата обезбедени од продажба на билетите ќе биде дониран за настраданите во несреќата во Кочани.

Новите песни изведени на „Поточиња 2025“ веќе се објавени на Youtube каналот Potocinja и истите може да се слушнат на следната плејлиста:

https://www.youtube.com/watch?v=z1TfGcWyHkM&list=PLnfWwDrPJavt7PtbNC2v6n7nnAbjfvhXp.

Прочитајте повеќе

Саем на мебел 2025

Саем на мебел 2025: Спој на дизајн, иновации и хуманост што привлече над 15.000 посетители

Годинешниот Саем на мебел, одржан од 26 до 30 март во Арена Борис Трајковски, беше …