Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЏК „Дрим“ и „Порака Нова“

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЏК „Дрим“ и „Порака Нова“

Џудо клубот „Дрим” од Струга и здружението Центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост „Порака Нова”, потпишаа меморандум за соработка.

Со овој меморандум се интензивира соработката помеѓу двете здруженија, а истовремено започнува и имплементирање на џудо спортот кај лицата со попреченост. Целта на договорената соработка е подобрување на здравствените и психомоторните способности на лицата со интелектуална попреченост, преку тренинг, игра, забава и дружење.

Ова е уште еден доказ дека џудо спортот не познава бариери и граници. Ако, како што велат од џудо клубот „Дрим“, Азра Дедиќ, лице со попреченост од БиХ е европски првак, нема причина да не се надеваме и да не веруваме дека следниот шампион ќе дојде од нашата држава.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …