Ресорните министри задолжени за дигитализација од земјите од Западен Балкан денеска на Дигиталниот Самит во Белград, Србија го потпишаа регионалниот Договор за намалување на цените во роаминг.
Договорот е последниот формален чекор за постепено намалување на цените на роамингот во Западен Балкан, најдоцна до 1 јули 2021 година, кога тој треба да се сведе до нивото „како дома“, односно, практично да се укинат тарифите за роаминг и корисникот кога е во друга земја од Западен Балкан да плаќа исто во мрежата на својот оператор.
За Република Северна Македонија Договорот го потпиша министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Извор: МЕТА