Обезбедувањето на потпретседателката на Аргентина Кристина Фернандез де Кирхнер, успеа да го победи напаѓачот кој го повлекол чкрапалото пред нејзината куќа, но пиштолот не пукнал. Претседателот на земјата, Алберто Анхел Фернандез, изјави дека во четвртокот, напаѓачот, чие име не беше објавено, „вперил огнено оружје во нејзината глава и го повлекол чкрапалото“. Тој додаде дека пиштолот бил наполнет со пет куршуми, но дека „не пукнал“.
Потпретседателката на Аргентина не е повредена, а напаѓачот кој се обидел да го изврши атентатот на местото каде што се собрале голем број нејзини поддржувачи, пред самата резиденција, бил совладан многу брзо. До нападот доаѓа додека на Кристина Кирхнер и се суди за наводни дела на корупција за време на нејзиниот претседателски мандат 2007-2015 година. Таа остро ги негира тие обвинувања, а нејзините поддржувачи вчера се собраа околу нејзината резиденција во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, во знак на поддршка.
Извор: Радио Слободна Европа