Со презентацијата на судијата Драгомир Јорданов, поранешен долгогодишен директор на бугарската Акедемија за судии и Јавни обвинители, беше отворена работата на петтата седница на Советот за имплементација на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор (2017 – 2022), со која раководеше министерката за правда Рената Дескоска.

Говорејќи за клучните наоди и препораки за оценската мисија за обука на судиите Јорданов потсети дека бугарската Академија изнедрила шест генерации на судии и обвинители, односно обучила стотина лица и дека мото на Академијата за судии и јавни обвинители е: „Првадата не може да биде подобра од оние што ја спроведуваат!“, а дека единствен критерим при вработување се заслугите.

Укажувајќи на проблемот со бројните факултети по Правни науки, а со тоа и на огромната бројка на дипломирани правници, судијата Јорданов смета дека е неопходно планирање на човечките ресурси и секако, заедничка обука на кандидатите.

Министерката Дескоска, осврнувајќи се на препораките, кажа дека се бара начин за трансферирање на истражни судии во Јавното обвинителство на коешто во овој момент му недостасуваат 16 Јавни обвинители, но и за заедничка обука на кандидатите.

Дескоска кажа дека постои уредна евиденција на бројот на правни факултети и при тоа потврди дека во Република Македонија постојат четири правни факулутети кои работат во склоп на државните универзитети, еден кој е дел од јавно-приватен универзитет и уште шест факултети на приватните универзитети.

Претседателот на Врховниот суд на Република Хрватска и ЕУ експерт во Врховниот суд и во Судскиот совен на Македонија, Ѓуро Сеса, е на мислење дека не е неопходно постојано менување на законите и потсети на дел од извештајот на Прибе каде е наведено дека законите кај нас се согласно европските закони.

Сеса даде свое видување за работата на Врховниот суд, односно за проблемите со кои се судира највисокиот суд во државава.

Со појаснување дека ова е негово второ навраќање во Македонија, правниот експерт Холгер Хембах потврди дека во моментов, како ЕУ експерт, е ангажиран околу реформите во Советот на јавни обвинители.

Во завршницата на седницата, Министерката Дескоска искажа благодарност до Европската Унија за партнерстсвото во заложбите за реформите на правосудниот систем во Република Македонија.