пешачење луѓе минувачи

Потребно е предвремено пензионирање, а не да се оди во пензија на 67 години

Пензиските реформи во сериозни држави се прават врз основа на анализи и дека се потребни сериозни политки да зголеми вработувањето на младите, да пораснат платите, а со тоа да се зголемат и средствата во ПИОМ, сметаат во ССМ

Потребно е предвремено пензионирање, а не зголемување на старосната граница, е ставот на Сојузот на синидкати на Македонија, откако вчера Фискалниот совет предложи да се зголеми границата за пензионирање и за мажи и за жени на 67 години. Оттаму сметаат дека без да се прашаат работниците, не може да се продолжува нивниот работен век. Од друга страна, добрата вест е што засега Владата не размислува да го процесуира овој предлог на советот.

Во ССМ потенцираат дека пензиските реформи во сериозни држави се прават врз основа на анализи и дека се потребни сериозни политки да зголеми вработувањето на младите, да пораснат платите, а со тоа да се зголемат и средствата во ПИОМ.

„Вакви избрзани мерки преку зголемување на стапката на придонес или продолжување на возраста за пензионирање само и исклучиво во обем потребен за покривање на дефицитот на Пензинскиот фонд и таквите мерки на долг план не вложувале со плод, напротив структурните проблеми останувале нерешени и проблемите се повторувале“, велат во ССМ.

Денеска и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, во изјава за МИА го оцени предлогот на Фискалниот совет за несериозен и рече дека ваквите избрзани мерки се неодржливи на долг рок. Според него, за младите да се задржат да живеат и работат во земјава, како што вели Трендафилов, потребно е воведување на мерки за пристојна работа со почитување на правата од работен однос според меѓународните трудови стандарди.

Meта вчера објави дека според Фискалниот совет, линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. Поради тоа, според нив, потребно е да се покачи работниот век на мажите и жените на 67 години, како и да се зголеми стапката на придонеси за пензиско осигурување од 18,8 на 21 отсто до 2029 година.

Од советот посочија дека задржување на истите даночни стапки не кореспондира со предвидениот раст на јавните расходи, односно предвиденото трошење на владата и државните органи кои, како што велат „би достигнале рекордно ниво и над 40% од БДП“. „Фискалната историја од многу поодамна не влева надеж дека само намалувањето на даночната евазија би можело да ја неутрализира динамиката на континуиран раст на јавните расходи“, се вели во мислењето на Советот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Уште една акција од 15 минути молк за 15 жртви во Нови Сад

Уште една акција од 15 минути молк за 15 жртви во Нови Сад

Во повеќе градови во Србија во неделата беше одржан 15-минутен молк за 15-те жртви од …