Мицкоски

Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Соопштение за јавност на СДСМ

Деновиве слушаме: трета економија сме во Европа, први во туризмот, најдобри во авио-сообраќајот, најбрзо растечки плати и пензии.

Фактите се поинакви.

Потрошувачката кошница изнесува 70.000 денари.

Минималната плата е 26.000 денари.

Просечната плата е околу 49.000 денари.

На млад човек што нема стан му требаат околу 90.000 денари само за основни трошоци за живот.

И сега народот „не разбира“.

Мицкоски ќе ни нацрта на табла – па ќе ни стане јасно. Може да црта колку сака. Нема подобра статистика од паричникот и фрижидерот. А таму е едноставно, празно.

Човек што носи на рака часовник од 65.000 евра не може да разбере како живее народот. Не може, кога се вози со државен авион. Колената не го болат од работа – туку од клечење и молење за власт.

Повеќе не поминува Гебелсовата пропаганда на Латас. Повеќе не поминува ниту „патриотизмот“ врзан за тендери и бугарски државјанства. Нема да помине ниту техниката на Ванчо Михајлов со наративот „талог“.

Народот не е талог.

Овде се знае кој е талог.

Народот ќе победи.

Македонија ќе ја победи оваа организирана криминална група наречена ВМРО и нејзиниот шеф Мицкоски.

Ќе ги победи трујачите на Македонија.

Ќе го победи и целиот странски интерес и агенда по која работат.

Ќе победи и ќе ја врати власта во свои раце.

Прочитајте повеќе

Мицкоски Кочоска јавниот долг

СДСМ: Кочовска и Мицкоски незаконски го фингираат јавниот долг

Откако Социјалдемократскиот сојуз на Македонија јавно објави документ за ново планирано задолжување од 1,3 милијарди …