Потврдени 7 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 47 пациенти, почина 1 лице

Потврдени 7 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 47 пациенти, почина 1 лице

Во последното деноноќие, Институтот за јавно здравје регистрирал 47 оздравени пациенти од Ковид-19 во земјава, и тоа во Скопје 9, Куманово 9, Прилеп 8, Тетово 13, Охрид 1, Гостивар 5, Кочани 1 и Крива Паланка 1, информираат од Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал еден пациент од Скопје на 65-годишна возраст, кој бил хоспитализиран на клиниката од 27 април.

„Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје 1, Прилеп 1, Тетово 4 и Кратово 1“, информираат од Министерството за здравство.

Согласно ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441. Досега во земјата се направени вкупно 17.359 тестирања на Ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 41. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 24. На респираторна машина се 5 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 позитивни и суспектни на Ковид-19.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

РКЕ разгледува нов модел за евтина тарифа на струјата

РКЕ разгледува нов модел за евтина тарифа на струјата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) подготвува анализа на постојниот моделна блок-тарифи и евтината тарифа за …