Повеќе од 600.000 евра за реконструкција на улиците во Крушево

Повеќе од 600.000 евра за реконструкција на улиците во Крушево

Денеска градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски потпиша меморандум за соработка со Министерство за транспорт и врски, за проектот за поврзување на локални патишта. На општина Крушево и’ се доделени 621.000 евра, кои ќе бидат искористени за реконструкција на поголемите улици во градот.

„Добиваме средства за реконструкција на локални улици во градот и заедно со Министерство за транспорт и врски продолжуваме со работа на инфраструктурата во општината. Со добиените средства ќе реконструираме дел од поголемите локални улици во градот, со што оштетените улици ќе добијат поинаков лик“, изјави градоначалникот Христоски.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …