Повеќе политички партии се обединија во поддршката за позитивен исход на референдумот

Повеќе политички партии се обединија во поддршката за позитивен исход на референдумот

Околу 30 политички субјекти вчера се обединија во повикот до граѓаните за позитивен исход на референдумот и за евро-атлантска иднина на Македонија, преку прифаќање на неколку заеднички принципи.

Политичките партии се согласија да ги повикаат граѓаните да излезат и да гласаат ЗА на престојниот референдум кој ќе се одржи на 30-ти септември 2018 година.

Едногласни се дека Република Македонија своите стратешки цели може да ги оствари единствено преку членство во НАТО алијансата и во Европската Унија и дека граѓаните и државата ќе добијат значајни придобивки од евроатланстските интеграции на земјата.

Политичките партии кои синоќа се обединија околу основните принципи, согласни се дека македонско-грчкиот договор ги отвора вратите на Македонија за членство во НАТО и во Европската Унија.

Партиите сметаат дека секој граѓанин на Република Македонија со право на глас треба да преземе одговорност, да излезе и да гласа афирмативно на претстојниот референдум.

Како што беше договорено на средбата партиите го задржуваат правото да водат сопствени јавни комуникации поврзани со референдумот кои може да се индивидуални и независни или во рамки на други коалиции и кампањи.

Во обраќањето до присутните на средбата, претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, рече дека со решавањето на билатералното прашање со Грција, повеќе нема ниту едно отворено прашање со соседите, како и дека тоа ја отвора иднината за граѓаните на нашата држава и членството во ЕУ и во НАТО.

-Успехот на референдумот значи изградба на европска Македонија. Јас сум убеден дека мнозинството граѓани што ги претставуваме и кои ни ја доверија одговорноста да ја водиме државата, ќе ја исполнат својата граѓанска должност, ќе излезат на референдумот и ќе гласаат за европска Македонија, рече претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.

Партиите остануваат отворени во ова надпартиско движење да се вклучат и други политички партии, граѓани, граѓански здруженија или други организации кои се согласни да ги повикаат граѓаните да излезат и да гласаат на престојниот референдум, поддржувајќи го членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …