Повик за учество во натпреварот во брзо местење на рубикова коцка – Cubing Returns Skopje 2021

Повик за учество во натпреварот во брзо местење на рубикова коцка – Cubing Returns Skopje 2021

Македонската кјубинг асоцијација го објави повикот за учество на натпреварот во брзо местење на рубикова коцка – Cubing Returns Skopje 2021.

Натпреварот е поддржан од Светската кјубинг асоцијација – WCО, а ќе се одржи на 21 и 22 август во канцелариите на „Сопро“ на самиот плоштад во Скопје.

Заинтересираните лица кои сакаат да учествуваат во натпреварот потребно е да се регистритаат преку сајтот на Светската кјубинг асоцијација. Пријавувањето ќе започне на 31 јули точно напладне, а организаторите соопштија дека учеството е ограничено на 40 места.

Повеќе информации можат да се најдат во Фејсбук настанот Cubing Returns Skopje 2021 и на линкот за пријавување за учество во натпреварот.

Македонската кјубинг асоцијација минатата недела соопшти дека се постигнати нови национални рекорди во местење рубикова коцка без гледање на балканскиот натпревар Back to Belgrade 2021.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

„Мој Прилеп“ го дигитализира јавниот превоз: Систем за следење на автобусите во реално време

„Мој Прилеп“ го дигитализира јавниот превоз: Систем за следење на автобусите во реално време

Граѓанската иницијатива „Мој Прилеп“ го најави својот прв поголем проект кој ветува значително олеснување на …