несреќа

Повредени 20 работници во сообраќајка кај Мамутчево

Дваесет работници се повредени во сообраќајката што се случи попладнево околу 13:20 часот на излезот од велешкото село Мамутчево. Се судриле камион и автобус кој превезувал работници од Велес.

Како што информира за МИА Весна Лазаровска од ЈЗО Општа болница Велес со возила на итна медицинска помош од Велес во болницата итно биле донесени 20 повредени работници.

– Сите беа прегледани и им беше укажана медицинска помош од тимот на Општа болница Велес предводени од хирургот д-р Филип Тодоровски. Од нив кај осуммина беа утврдени полесни телесни повреди и истите се хоспитализирани во болницата, а останатите 20-ина по укажаната медицинска помош во амбулантата на болницата испратени се на домашно лекување – информира Лазаровска.

Екипа на СВР Велес е на терен и прави увид за утврдување на причината за сообраќајната несреќа.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …