Најмалку 400 лица се евакуирана откако пожар избувна во хотел со пет ѕвездички во турското летувалиште Кемер на Средоземното Море, јави телевизијата „ХаберТурк“.

Пожарот избувна утринава, околу 8.00 часот, во кујната на хотелот, чие име не се соопштува.

Телевизијата наведува дека противпожарните сили евакуирале и некои од луѓето од балконите на хотелот.

Извор: МЕТА