Од понеделникот до денеска, во Грција избувнаа над 50 пожари, заради што се мобилизирани над 1.000 пожарникари. Најголемиот пожар е на островот Евија кој ги загрозува селата и таму е прогласена вонредна состојба. Истовремено, започната е истрага за причините на овој пожар кој со густ чад покри дел од средна Грција, вклучувајќи ја и Атина.
Поради катастрофалната ситуација со пожарите, премиерот Киријакос Мицотакис го прекинал годишниот одмор.